Турбо кифлички за почеток на денот – Нема побрз рецепт

Турбо кифлички за почеток на денот – Нема побрз рецепт

Направете брзи кифлички за вкусен старт на денот.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 500 мл млака вода
  • 40 гр квасец
  • 20 гр шеќер
  • 20 гр сол
  • 250 гр маргарин
  • 900 гр брашно
  • 2 лажици масло
  • 1 жолчка
  • растопен маргарин

Начин на подготовка:

  1. Во млаката вода се става квасецот со шеќерот и се меша.
  2. Се става половина од брашното во сад, една третина маргарин и солта, па се меша.
  3. Се додава и остатокот од брашното и маргаринот, па се меша и замесува тесто.
  4. Тестото од сите страни се премачкува со масло, па се расукува.
  5. Се премесува и се дели на три дела. Првиот дел се премесува и се формира круг, па се премачкува со растопен маргарин, па истото се прави и со останатите два дела.
  6. Малку втиснете ги и расукајте голем круг, па од него вадете и формирајте кифлички.
  7. Ставете ги во плех на хартија за печење, премачкајте ги со малку растопен маргарин и жолчка, наросете им сусам, па печете во загреана рерна на 200 степени додека да поруменат или околу 20 минути.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

singlepost_text