Солени тортички: Брзо се подготуваат, а имаат фантастичен вкус

Солени тортички: Брзо се подготуваат, а имаат фантастичен вкус

Изненадно ви се најавиле гости, а вашиот фрижидер е полупразен и немате време за купување?

За подготовка на оваа солена торта потребен ви е половина час и состојки кои сигурно веќе ги имате во фрижидер.

Состојки:

  • 6 јајца
  • 200 мл јогурт
  • 150 мл масло
  • 1 прашок за печиво
  • 6 лажици брашно
  • 300 гр обварен спанаќ
  • 2 лажици ајвар
  • фил
  • 250 гр кајмак
  • 300 мл кисела павлака Пекабела
  • 100 гр салама Пекабеско

Начин на подготовка:

  1. Разматете јајца, а потоа додајте јогурт, масло, брашно, прашок за печиво и на врв на лажичка сол.
  2. Смесата поделете ја на два дела. Во еден додајте сечкан спанаќ, а во друг ајвар.
  3. Во поголем плех ставете хартија за печење и ставете ја зелената смеса, а потоа црвената, така што ќе добиете две еднакви кори. Печете на 200 степени околу 20 минути.
  4. Изладените кори сечете ги со кружен калап за колачи или чаша со големина по желба.
  5. За фил, во сад соединете кајмак, павлака и сечкана салама. Зелената кора премачкајте ја со фил, ставете црвена кора, премачкајте со фил и декорирајте со рендан кашкавал.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Градинарска пита – направете вкусен фамилијарен ручек за помалку 150 денари

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

Одлична комбинација: Таљатели со сланина, л