Со чај против надуеност на стомакот – За сите кои овие билки ги заборавиле

Со чај против надуеност на стомакот – За сите кои овие билки ги заборавиле

Со чај може да се изборите со надуеноста во стомакот и да ги ублажите тегобите и болките кои доаѓаат со неа.

Ќе ви помогнат чајот од нане и камилица.

Чајот од нане се користи за стомачни тегоби. Не случајно се произведуваат и бонбони на база на нане кои се јадат по вечерата. Помага за брз проток на храната, како и за правилна работа на желудникот и цревата. Ја ублажува и појавата на гасови и надуеност.

Исто така, помага и чајот од камилица кој е со векови познат по смирувачките и антибактериските својства. Има есенцијални масла кои го опуштаат телото, спречуваат појава на гасови, болки и грчеви во дигестивниот тракт, како и за смирување на уринарниот тракт.

Пијте ги при проблеми со стомакот и стомачни тегоби.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Чај за желудникот – нема да имате мака

Чај кој лекува од сите болести и чисти од отрови

Чај против слабокрвност

Домашни чајни кекси

Чај од шумска јагода

Чај од леска – малкумина знаат колку лекува

Здравствени придобивки од чајот од магдонос