Лава колачите (суфле) се совршени десерти – од надвор сочен бисквит, а внатре топло чоколадо…
Најчесто се подготвуваат од четири состојки: чоколадо, путер, јајца и шеќер. Може да се додадат и ликери, портокал, лимон, па дури и чили, а колачињата можете да ги послужите со сладолед, овошје или слатка павлака.
Состојки:
- 2 лажички путер
- 250 гр чоколадо за готвење
- 5 јајца
- 200 гр шеќер
- 1/2 лажичка сол
- 4 лажички брашно
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 220 степени. Иситнете го чоколадото па растопете го со путерот мешајќи.
- Разматете јајца па додајте ги во чоколадото со шеќер и сол.
- Додајте брашно, па смесата излејте ја во огноотпорни калапи (може калап за мафини) кои претходно сте ги намастиле. Печете околу 14 минути.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта