Направете омлет со посебен шмек и вкус за добар старт на денот.
Еве ги состојките и начинот на подготовка:
Состојки:
- 2 компири
- 3 јајца
- 6 лажици масло
- сол
- бибер
Начин на подготовка.
- Компирот се лупи, се сече на ситни коцки и убаво се пропржува на маслиново масло во тава.
- Се меша постојано за да не загори.
- Се матат јајцата со сол и бибер во посебен сад, па се додаваат во тавата откако компирот ќе биде подготвен.
- Се пржи омлетот од двете страни додека да порумени.
Добар апетит!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Ги чувате јајцата на вратата од фрижидерот?
ВИДЕО: Ова се прави од картон од јајца
ВИДЕО: Дали досега погрешно сме ги пржеле јајцата?
ВИДЕО: Шест одлични готварски трикови
ВИДЕО: Готварски трик – како одеднаш да излупите 3 варени јајца