Утрински колачиња со неодолива арома – Се прават со неколку состојки за миг

Утрински колачиња со неодолива арома – Се прават со неколку состојки за миг

Направете утринска колачиња за „Добро утро“. Аромата е неодолива, здрави се и вкусни, а многу брзо се прават.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 2 банани
  • 2 јајца
  • 2 лажици цимет
  • 60 гр мед
  • 200 гр путер од кикирики
  • 200 гр овесни снегулки

Начин на подготовка:

  1. Бананата се пасира, се додаваат јајцата и се мати смесата убаво. Се ставаат циметот и медот, па путерот од кикирики и на крајот овесните снегулки.
  2. Смесата нека отстои неколку минути за да се соедини убаво.
  3. Се формираат топчиња и се ставаат на хартија за печење. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај повеќе десерти на Gotvi.mk:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text