По овие трикови вашите блиски ќе сонуваат за вашите компири. Секој од нас има некој трик со кој се издвојува, но ова се трикови за највкусните компири кои ни ги пренесуваат врвните готвачи.
Повеќето од нас го ставаат компирот кратко да се вари пред да се пече. Тоа е важно бидејќи на овој начин компирот ќе биде помек и сочен
Но, познатиот Шеф, Гордон Ремзи, советува прво да го излупиме, потоа преполовиме компирот и да го ставиме во ладна вода. По ова тој советува да го оставиме компирот да се вари 8-10 минути.
Исто така, дури по цедењето се додаваат зачините, па се става компирот во сад за печење.
Врвните готвачи за времето на печењето велат дека идеално е околу 45 минути во загреана рерна на 200 степени.
Сепак, бидејќи компирот е претходно сварен, доволно ќе биде печење во времетраење од максимум 20 минути во загреаната рерна на 200 степени.
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: