Солени обланди со три состојки – Почастете се со посебен појадок

Солени обланди со три состојки – Почастете се со посебен појадок

Направете солени обланди со неколку состојки. Одлична појадок идеја или мезе во текот на денот.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 1 пакување обланди
  • 1 кг сирење
  • 200 гр Пекабеско шунка
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Сирењето ставете го во длабок сад и иситнете го, додадете ја ситно сечканата шунка и пиперките на коцки.
  2. Додадете сол и измешајте убаво.
  3. Со оваа смеса премачкајте ги обландите од рапавата страна.
  4. Последната обланда не ја мачкајте со филот.
  5. Покријте ги со крпа и оставете ги обландите во фрижидер за да се спојат.
  6. Нека отстојат 30 минути, па исечете и послужете.

Добар апетит

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

singlepost_text