Иако сите го користиме морковот, а неговите листови ги фрламе, сепак тие се многу здрави и полни витамини.
Зелените листови или дршки се полни хлорофил, кој делува како детоксикатор на црниот дроб и целото тело, а според некои истражувања полни се и антиоксиданси, поради што превенираат и карцином.
Може да се користат така што ќе ги ставите во блендер како состојка за природен сок.
Имаат витамини и минерали, како и повеќе витамин К отколку било кое друго овошје и зеленчук.
Листовите не се отровни, но содржат состојки кои може да создадат алергиска реакција кај некои луѓе. Затоа треба да се консумираат претходно убаво обарени во врела вода, па преработени. Со варењето се губи горчливиот вкус.
Имаат шест пати повеќе витамин Ц од самиот корен на морковот.
Делуваат и како диуретик, а важни се и за исфрлање на вишокот течности од телото. Делуваат и против лош здив. Во Италија во некои места се користат и како додаток во омлет или салата со јајца.
Од нив се прави и чај.
Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Вистинска бомба: Салата од морков