За слабеење и здравје – Зошто треба да јадеме блитва и како правилно се готви

За слабеење и здравје – Зошто треба да јадеме блитва и како правилно се готви

Блитвата е здрав и вкусен зеленчук, а една шолја блитва содржи помалку од 35 калории, со што таа е идеален избор на намирница за слабеење.

Се препорачува и на трудници поради големата количина на фолна киселина. Само половина шолја блитва содржи од 50 до 90 микрограми фолна киселина.

Богата е со витамин Ц, Б1, Б2, провитамин А, а има и минерални соли.

Блитвата е богата и со антиоксиданси, одлична е за јакнење на имунитетот, делува и како диуретик.

Ако се листовите темно зелени, тогаш бидете сигурни дека е свежа, а ако е многу мека на допир, тогаш не е . Блитвата е лек за видот поради состојките кои ги содржи, а исто така штити и од УВ зрачењата.

Ако сте пушач или пасивен пушач, консумирајте ја бидејќи е богата со витамин А и помага да се ослободите од токсините.

Се користи свежа, во пити, за подготовка на различни видови ручеци, чорби и сокови. Мошне популарен е и рецептот за салата, но и вкусна сарма од блитва.

Инаку, младата блитва се вари кратко или најмногу до пет минути, а доколку е постара може да биде потребно да се вари подолго, односно до 20 минути.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Мусака со пилешко и блитва

Јадете блитва- листови полни здравје

Сарма од блитва

Храна која задолжително треба да ја консумираат пушачите

Зошто не смеете да запалите цигара веднаш по јадењето?

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

singlepost_text