Фишек пици – Тесто со пица фил за „Добро утро“

Фишек пици – Тесто со пица фил за „Добро утро“

Направете посебен појадок кој цело семејство ќе ви бара да го правите повторно. Фишек пица е неверојатно уживање во богатиот пица вкус.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 2,5 дл вода и млеко (половина вода, половина млеко)
  • 1 лажица сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 лажици масло

Состојки за фил:

  • 100 гр шунка
  • 100 гр кашкавал
  • кечап
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Се загреваат водата и млекото, па се додава квасецот со шеќерот и се остава да нарасне.
  2. Од брашното се одвојуваат две лажици и се оставаат настрана.
  3. Во вангла за месење се става брашното, па стасаниот квасец, се додава солта и маслото и се меси тесто.
  4. Се покрива со крпа и се остава да нарасне околу 30 минути, а потоа се премесува со останатите две лажици брашно.
  5. Формирајте топчиња. Ќе излезат околу 8-10 од оваа смеса.
  6. Секое топче малку се размесува, се премачкува со кечап, се става од ориганото, шунката и кашкавалот, па се замотува како фишек.
  7. Се ставаат во плех со хартија и се печат во загреана рерна на 250 степени околу 20-30 минути.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Тесто кое лесно се прави

Не се чека тестото да нарасне – Брзи погачи

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

singlepost_text