Билка од која се прави здраво кафе, салата за слабеење и превенира од многу болести

Билка од која се прави здраво кафе, салата за слабеење и превенира од многу болести

Чајот и кафето од цикорија се замена за вообичаеното кафе кое секојдневно го пиеме, со таа разлика што ова кафе е во секоја смисла корисно и здраво за нашиот организам.

Цикоријата има карактеристични виолетово сини листови и има многу лековити својства.

Таа е универзален природен лек за многу тегоби и проблеми. Ги исфрла отровите од телото, го намалува холестеролот, помага и за превенирање срцев удар.

Придонесува да се запре крварење на телото, а помага и за лекување на грип и настинка, поради што се препорачува да се консумира за време на есента и зимата.

За да направите кафе од цикорија треба да го исечете коренот, да го исушите во рерна, а важно е да биде рерната отворена за да добиеме сув, а не печен корен.

Кога ќе се исуши целосно коренот ќе се изрони во прав, па се вари во вода, се процедува и добивате кафе кое е полно здравје.

Се пие топло и пред оброк. Ако сакате поголем ефект и подобар вкус може да додадете и лажица какао.

Избегнувајте да го консумирате со шеќер.

Цикоријата се користи и за салата која помага за слабеење, така што само ќе ја додадете во вашата омилена здрава салата.

Можете да ја купите и во билните аптеки низ земјава!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Чај за цел спектар болести

Природен лек за голем гинеколошки проблем

Сок од цвекло за слабеење

Сок кој пука од витамини

Природен лек за бактерии во желудникот

Сок од јаболка и цимет

Две моќни состојки превенираат 150 болести

Чајот од шипка како лек