Трик со кој тестото ќе нарасне веднаш – Нема шанси да не ви успее

Трик со кој тестото ќе нарасне веднаш – Нема шанси да не ви успее

Постојат повеќе трикови при подготовка на тесто со кои тоа може брзо да нарасне, но и да има супер вкус по печењето.

Ако сакате да ви биде тестото како од пекара или некоја пицерија, најважно е на почетокот да ги извадите јајцата и маргаринот од фрижидер, односно да отстојат на собна температура.

Не претерувајте со количината на прашок за пециво или квасец, бидејќи тестото може премногу да нарасне и да „пукне“ ако претерате со нив.

Секогаш ставајте го тестото во веќе загреана рерна, бидејќи сите теста со прашок за пециво и квасец го „бараат тоа”.

Чекајте 10 до 15 минути откако рерната ќе достигне посакувана температура, па тогаш ставете го тестото да се пече.

Кога се спојуваат влажните и сувите состојки во ванглата за месење, доаѓа до хемиска реакција, па затоа тестото веднаш почнува да расне.

Исто така, има еден многу важен кулинарски трик кој малкумина го знаат:

Може во тестото да додадете и 1 лажиче јаболков оцет. Не е штетно, нема да го смени вкусот, а тестото ќе нарасне побрзо и ќе има добар шмек.

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Тесто кое лесно се прави

Не се чека тестото да нарасне – Брзи погачи

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

singlepost_text