Живееме во стресно време, понекогаш опкружени со непредвидливи и неочекувани ситуации. Многумина од нас се секојдневно растргнати меѓу работата и семејството, но и „притиснати“ со безброј рокови.
Денес, речиси и да нема човек кој не е изложен на стрес, а борбата со него е многу значајна, бидејќи за жал ако не се третира на време, може да создаде анксиозност, депресија и тешки клинички слики, односно не претставува нималку наивна појава.
Постојат и природни решенија со кои може да го намалиме нивото на стрес, иако најважна за справување со овој проблем е психолошката компонента кај човекот.
Земете 1 кг магдонос, добро измијте го и сомелете го. Помешајте го со килограм мед и држете го во ладилник.
Земајте до 6 пати на ден по едно лажиче, кое може да ви помогне за справување со стресот и нервозата, како и за опуштање.
Доколку, пак, сте во депресија или имате нагли промени на расположението, земете едно помало цвекло и неколку моркови, 2-3 листа зелка и бадеми. Се убаво измијте и исчистете, па иситнете во блендер. Добиената смеса консумирајте ја на следниот начин: 1 лажиче по 3 пати на ден.
Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.