Полнети пиперки на посебен начин – Рецепт со кој наместо месо, ќе употребите сирење

Полнети пиперки на посебен начин – Рецепт со кој наместо месо, ќе употребите сирење

Направете деликатес со пиперки и сирење, кој е лесен и со неодолив шмек.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 5 пиперки бабури
  • 300 гр кравјо сирење
  • 2 јајца
  • 1-2 лажици масло
  • малку сол
  • малку магдонос

Начин на подготовка:

  1. Пиперките се мијат убаво и се чистат.
  2. Сирењето се ситни во сад, па се додаваат јајцата, се става сол и малку магдонос, па сè убаво се соединува. Може да додадете и други зачини по избор.
  3. Се редат пиперките во огноотпорен сад подмачкан со масло и секоја бабура се полни со смесата. Се полеваат одозгора со лажица масло, па се печат во загреана рерна на 220 степени околу 30 минути.

На здравје!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Полнети пиперки со сирење

Брускети со печени пиперки

Пиперки полнети со зелка

Домашни пиперки во павлака

Полнети пиперки со пилешки гради

Полнети пиперки на босански начин

Полнети пиперки со шампињони