Подгответе меки и пенасти кифлички со крем – вистинско уживање…
Состојки:
- 100 гр путер, маргарин или маст
- 100 гр кисела павлака Пекабела
- 300 гр брашно
- 1/2 прашок за печиво
- кора од лимон
- 100 гр шеќер
- 1 јајце
- 3 лажици крем
- 1 лажица мелени ореви
- шеќер во прав за посипување
- 1 ванилин шеќер
Начин на подготовка:
- Со миксер разматете путер, јајце, павлака и шеќер, додајте брашно со прашок за печиво и замесете глатко тесто па ставете го во кеса во фрижидер да отстои половина час.
- Потоа тенко развлечете го на половина сантиметар дебелина и сечете триаголници во кои ќе ставате крем измешан со мелени ореви. Свиткајте кифлички, редете ги во плех обложен со хартија за печење.
- Печете на 190 степени 25-30 минути. Извалкајте ги во шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.
Послужете и уживајте!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот