Неодоливи обланди со бело чоколадо и кокос

Неодоливи обланди со бело чоколадо и кокос

Едноставни и брзи обланди кои се топат во уста!

Состојки:

  • 2 листа обланди
  • 300 гр бело чоколадо
  • 150 гр путер
  • 200 гр кокос
  • 75 мл сок од портокал
  • 1/2 лажичка кокосово брашно

Начин на подготовка:

  1. Ставете лист обланда помеѓу две влажни крпи за да омекне. Растопете чоколадо во микробранова 30 секунди во два интервали, потоа фино измешајте за целото чоколадо да се растопи. 
  2. Додајте омекнат путер и соединете. Додајте сок од портокал и кокосово брашно, продолжете да мешате додека не добиете компактна смеса. 
  3. Смесата оставете ја во фрижидер десетина минути малку да зацврсти. 
  4. Премачкајте преку обландата и прекријте со друга, а потоа ставете предмет со кој ќе ја пресувате обландата и вратете во фрижидер. 
  5. Пресечете парчиња, послужете и уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text