Не сме знаеле за оваа намена на куркумата – Рецепт за природно избелување на забите

Не сме знаеле за оваа намена на куркумата – Рецепт за природно избелување на забите

Куркумата е многу здрава и корисна, има многу хранливи состојки и навистина помага за многу состојби и болести.

За почеток, куркумата има антибактериски својства, може да дезинфицирате рани и изгореници, одлична е во превенција на рак, потоа, го намалува ризикот од детска леукемија, штити од рак на црниот дроб…Помага и во слабеењето и штити од артритис.

Во некои земји куркумата претставува и природен „лек“ за депресија.

Она што е помалку познато е дека помага за избелување на забите. Секако, многу фактори влијаат за пожолтување на забите: стареењето, цигарите, храната, алкохолот, благото, газираното, лековите…но куркумата може многу да помогне.

Имено, сè што треба е да измешате една лажичка куркума со малку вода за да се добие паста, па да ја натопите четката за заби и нежно и темелно да ги истриете забите со смесата.

Нека отстои околу 3 минути, па исплакнете со ладна вода.

Можете да ставите и малку сода, или малку кокосово масло во водата за уште поголем ефект.

Напомена: Природните рецепти не се замена за традиционалната медицина, ниту за лекарствата препишани од доктор. Природните рецепти служат само како додатоци во исхраната и превенција. Не ги употребувајте доколку сте преосетливи на некоја од природните намирници.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Избелете ги забите со евтина намирница

Измешајте топла вода и куркума

Избелете ги забите за две минути

Мултивитаминска напивка со куркума

Намирници кои се ужасни за забите

Додајте една состојка во маслиновото масло и нема да се разболите

Измешајте кафе и маслиново масло за усните