Само матите и ставате во калап – Вкусни солени мафини за појадок

Само матите и ставате во калап – Вкусни солени мафини за појадок

Ако сакате лесен рецепт за кој нема премногу труд, а сепак е совршено вкусен, ви нудиме рецепт за солени деликатесни мафини.

Еве го рецептот:

Состојки:

  • 2 шолји брашно
  • 1 шолја јогурт
  • 1/2 шолја масло
  • 3 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • 1 лажичка сол
  • 200 гр фета сирење
  • шунка по желба

Начин на подготовка:

  1. Јајцата се матат со маслото и јогуртот во сад.
  2. Се додава солта, прашокот за пециво и просеаното брашно, па сè убаво се изедначува со жица за матење.
  3. Фета сирењето се рони и се додава во смесата, па се става сè во калапи за мафини.
  4. Ако сакате може да додадете шунка или друго по избор. Ситно исечкајте ја и додадете ја во смесата, пред да ја ставите смесата во калапите.
  5. Се загрева рерната, се ставаат мафините и се печат на 200 степени 20 минути.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Појадок за 15 минути – заборавен а толку вкусен

Солена торта со палачинки

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

singlepost_text