Чоколаден десерт – брза и едноставна торта со фантастичен вкус!
Состојки:
- 2 јајца
- 50 гр какао
- 150 гр брашно
- малку сол
- 1 лажичка прашок за печиво
- 70 гр шеќер
- 6 мали лажички кокосово или билно масло
- 50 мл млеко по избор (оризово, кравјо, бадемово)
- 1/2 лажички екстракт од ванила
Начин на подготовка:
- Измешајте ги сите суви состојки. Потоа додајте ги течните и сè добро измешајте. Смесата ставете ја во помал калап за торта и печете 20 минути во рерна на 180 степени.
- Доколку сакате, можете преку тортата да растопите чоколадо за готвење или посипете ја со шеќер во прав.
- На половина од печењето, можете во тестото да ставите цели коцки чоколадо по желба.
Уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта