Направете вкусен колач кој го носи името шах-обланда.
Ова е рецептот за овој викенд десерт.
Состојки за кора:
- 8 јајца
- 6 мали шолји шеќер
- 5 листови обланди
- 2 кеси прашок за пециво
- 6 мали шолји брашно
- 1 мала шолја какао
- 2 мали шолји масло
Состојки за фил:
- 400 гр шеќер
- 1 л млеко
- 2 пудинга од ванила
- 1 мала тегличка џем од кајсии
- 250 гр маргарин
Подготовка:
- Се прават две кори. За жолтата се матат 4 јајца, 3 мали шолји брашно, 3 мали шолји шеќер, 1 мала шолја масло и 1 прашок за пециво.
- За кафеавата кора се матат истите состојки, само се додава и 1 мала шолја какао.
- Се оставаат да се печат корите во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Кога ќе бидат испечени секоја се сече на 10 еднакви ленти.
- За филот се става во тенџере да се растопи шеќерот со маргаринот, па се додаваат 9 дл млеко.
- 1 дл млеко се користи за да се направи пудингот. Се мати пудингот и се става во млекото кое се вари додека не зоврие.
- Сите 5 листови обланда премачкајте ги со врелиот фил, а на секоја ставете 2 ленти (една жолта и една кафеава кора) и премачкајте ги со џемот.
- Врз ова ставете уште по 2 ленти наизменично (врз кафеавата ставете жолта и обратно) за да изгледа како шах.
- Свиткајте ги како ролат. Доколку не ви успее првите пати, послужете како класични обланди 🙂
На здравје!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути