Вкусни и слатки кекси кои едвај ќе дочекате да ги пробате.
Еве ги состојките и начинот на подготовката:
Состојки за тесто:
- 200 гр брашно
- 100 гр гриз
- 50 гр густин
- 160 гр маргарин
- 60 гр шеќер во прав
- 3 лажици масло
- малку сол
- кора од портокал
Состојки за фил:
- 100 гр мелени ореви
- 25 гр маргарин
- 50 гр шеќер
- малку цимет
- шеќер во прав за декорација
Начин на подготовка:
- Замесете тесто од состојките за тесто кое се остава да отстои околу половина час во фрижидер.
- Се соединуваат во меѓувреме состојките за филот, па се земаат мали топчиња од тестото, се сплескуваат малку со рацете и врз нив се става малку фил.
- Направете повторно топче и се стискаат за да добие секое од нив форма на кекси.
- Се печат во подмачкан плех во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
- На крајот убаво поминете ги од сите страни во чинија со шеќер во прав.
Уживајте во овој вкусен десерт 🙂
Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути