Лесен десерт, одличен рецепт – Највкусна кремпита

Лесен десерт, одличен рецепт – Највкусна кремпита

Направете вкусна кремпита која е најкремавата која сте ја пробале до сега.

Ова е рецептот за неа:

Состојки за кора:

  • 6 жолчки
  • 1 јајце (цело)
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици масло
  • 1 прашок за пециво

Состојки за крем:

  • 6 белки
  • 18 лажици шеќер
  • 4 кеси пудинг од ванила
  • 1,2 л вода или млеко

Начин на подготовка:

  1. Со миксер се матат жолчките и целото јајце, па се додава шеќерот. Потоа, се ставаат брашното, прашокот за пециво и маслото, па се мати за да се изедначи смесата.
  2. Се става во подмачкан и набрашнет плех и се пече околу 10 минути во загреана рерна на 180 степени.
  3. Внимавајте кората да не изгори и да не се пресуши бидејќи е премногу тенка.
  4. Со миксер се подготвува филот, така што ќе ги изматите белките со шеќерот, кој ќе го додавате лажица по лажица.
  5. Оставете ја водата или млекото да врие, земете неколку лажици и разматете го пудингот, па направете го пудингот на оган и ставете го во садот со изматените белки со шеќер.
  6. Се прелева кремот преку кората и рамномерно се распоредува.
  7. Може да декорирате по желба, пример со шлаг и рендано чоколадо или мрвици…

Уживајте во овој неодолив вкус 🙂

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Не ви требаат вага и миксер – кокос колач

Мешате, растопувате и имате десерт: Кокос триаголници

Бомбици со кокос

Кремасти колачи со кокос

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути