Вкусна лимонада со чиа семе – одлична зимска детокс напивка која ќе ве освежи!
Состојки:
- сок од 1 лимон
- 200-250 мл вода
- 1 лажица мед
- 1 лажица чиа семе
Начин на подготовка:
- Свежо исцедениот сок од лимон измешајте го со мед па додајте вода и сè добро измешајте.
- Пробајте ја лимонадата да видите дали ви е доволно слатка или кисела, зависно како ја сакате.
- Додајте чиа семе, измешајте и оставете ја лимонадата да мирува 10-15 минути.
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот
Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи