Направете компир деликатес кој го носи името „Компир-вулкан“.
Ова е сè што ви е потребно:
Состојки:
- 9 компири средна големина
- 9 парчиња Пекабеско сланина
- 9 парчиња кашкавал
- маслиново масло
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени, а компирите измијте ги убаво.
- Нека се варат десетина минути во солена вода. Потоа излупете ги.
- Исечете ги на врвот, па издлабете ги на средина. Секој компир замотајте го со сланина и прицврстете ги краевите со чепкалка.
- Премачкајте ги со маслиново масло.
- Печете во рерната околу 30 минути додека компирот да стане крцкав. Извадете го од рерна и тргнете ги полека чепкалките, па ставете кашкавал во средината и запечете уште 5 минути додека да се растопи.
- Одозгора по желба може да ставите и павлака, мајонез, тартар или магдонос.
На здравје!
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: