Точни мерки за најмеки и највкусни палачинки – Клучен е редоследот по кој се ставаат

Точни мерки за најмеки и највкусни палачинки – Клучен е редоследот по кој се ставаат

Многумина од нас мислиме дека самата смеса за подготовка на палачинки е најлесниот дел за подготовка, но не е така.

Смесата често знае да биде тешка за да ја спремите,да стане премногу густа или ретка, или со грутки.

Ова е рецепт со точните мерки за палачинки, и редоследот по кој се ставаат.

Состојки:

  • 3 јајца
  • 250 гр брашно
  • 350 мл млеко
  • 1 дл кисела вода
  • малку сол
  • 2 лажички масло

Начин на подготовка:

  1. Пенасто се матат јајцата, се додава става масло, па млекото и се мешаат.
  2. Додека матите со миксер ставајте го постепено брашното, па солта. На самиот крај се става киселата вода која ќе ги направи палачинките меки.
  3. Потоа, стандардно се става од смесата во тавче за палачинки со малку масло и се прават палачинките.

Пријатно јадење!

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Палачинки на дански начин

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

singlepost_text