Богата пита со кисела зелка и месо: Толку вкусна пита не сте пробале!

Богата пита со кисела зелка и месо: Толку вкусна пита не сте пробале!

Киселата зелка е совршена зимска намирница. Постојат многу комбинации и начини на кои може да се подготви, а ние ви донесуваме еден предлог за пита со оваа намирница…

Состојки:

  • 1/2 кг тенки кори
  • 1/2 праз
  • масло
  • 250 гр мелено месо
  • 1 помала главица кисела зелка
  • мелен бибер
  • малку црвена пипер

Начин на подготовка:

  1. На масло пропржете на кругови сечкан праз, па додајте мелено месо и сè заедно добро издинстајте, па на крај додајте на резанки сечкана кисела зелка и пржете околу 20 минути.
  2. Кората раширете ја на маса, малку пропрскајте ја со масло, па преку неа ставете зелка, па повторно кора и зелка и трета кора. Свиткајте малку од страна и свиткајте во ролат.
  3. Така правете додека не го потрошите материјалот. Секоја ролна премачкајте ја со масло и ставете во рерна да се пече на 200 степени околу 30 минути. Пресечете и послужете.

Добар апетит!

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт

singlepost_text