Бајадера за 20 минути – Домашна варијанта без миксер и печење

Бајадера за 20 минути – Домашна варијанта без миксер и печење

Направете го омилениот десерт на сите генерации за кој даваме куп пари. Бајадера готова за 20 минути, со малку состојки, без печење, миксер, и без мака.

Еве како да го направите:

Состојки:

  • 9 лажици вода
  • 200 гр шеќер
  • 150 гр мелени ореви
  • 250 гр мелени бисквити
  • 170 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо за готвење

Состојки за глазура:

  • 100 гр чоколадо за готвење
  • малку масло

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере на оган се ставаат шеќерот и водата и се оставаат додека шеќерот да се стопи. Се додава маргаринот и се трга од оган.
  2. Додајте ги и оревите и бисквитите и мешајте, па смесата која сте ја добиле поделете ја на два дела.
  3. Растопете го чоколадото на пареа и ставете го во едниот дел од смесата, а другиот дел оставете го како што е.
  4. Ставете хартија за печење на работната маса, па ставете ја прво смесата со чоколадото и со рацете обликувајте квадрат, па ставете ја врз него смесата без чоколадо и натапкајте.
  5. За глазурата се растопува чоколадото со масло и се прелива врз бајадерата.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text