Погодно за сите видови печива: Тесто со јогурт готово за миг

Погодно за сите видови печива: Тесто со јогурт готово за миг

Ова тесто е погодно за сите видови печива…

Состојки:

  • 250 мл млеко
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 коцка свеж квасец
  • 500 гр глатко брашно
  • 500 гр остро брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 2 јајца
  • 2 х 200 мл јогурт
  • 3 лажици шеќер
  • 3 лажици масло
  • 1 лажичка сол

Начин на подготовка:

  1. Во сад загрејте 250 мл млеко, лажичка шеќер и додајте издробена коцка квасец. Измешајте и оставете на топло место квасецот да надојде. 
  2. Во друг сад измешајте ги двете брашна и по ред додавајте прашок за печиво, шеќер, масло и сол. 
  3. Додајте ги јогуртите и лесно разматени јајца. Додајте квасец и мешајте со лажица додека смесата не се поврзе. Месете со раце додека не добиете цврсто тесто (по потреба ако се лепи додајте уште малку брашно). 
  4. Измешаното тесто ставете го во најлонска кеса, истиснете го воздухот и врзете ја кесата. Оставете во фрижидер да отстои 4 часа. 
  5. Тестото се сече по потреба, а остатокот можете да го чувате во фрижидер 7 дена. Ова тесто, исто така, е добро и за пица.

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text