„Свилена торта” – Проверете зошто овој рецепт го носи ова име

„Свилена торта” – Проверете зошто овој рецепт го носи ова име

Направете вкусна, нежна и лесна торта која го носи името „Свилена торта“.

Ова е рецептот за нејзината подготовка:

Состојки за кора:

  • 8 белки
  • 8 лажици шеќер
  • 1 прашок за пециво
  • 5-6 лажици брашно

Состојки за фил:

  • 3 пудинзи од ванила
  • 1 л млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 8 жолчки
  • 2 коцки маргарин
  • 1 ванилин шеќер
  • 300 гр мелени бисквити
  • 5-6 исечени крем банани
  • 1 шлаг за украсување

Начин на подготовка:

  1. За кората се матат белките со шеќерот и се додаваат брашното и прашокот за пециво.
  2. Се става да се пече кората околу 15 минути во загрена рерна на 180 степени.
  3. За филот се ставаат пудинзите од ванила во млекото, се додаваат шеќерот и убаво изматените жолчки, потоа и маргаринот. Се става и ванилиниот шеќер во смесата и сè убаво се меша додека да се соедини.
  4. Се дели смесата на два дела. Во едниот дел се додаваат бисквитите, а во другиот крем бананите и убаво се соединуваат.
  5. Кората се премачкува со двата фила еден врз друг, а потоа се украсува со шлаг по желба, како и со шарени или чоколадни мрвици.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта