Ако сте зависник од слатки и не можете да одолеете и кога се обидувате да живеете здраво, ова е рецепт за вас.
Вака можете да уживате без грижа како тоа ќе влијае на вашите килограми.
Состојки за 12 пралине:
- 120 мл растопено кокосово масло
- 100 гр какао
- мед по желба
- банана или друго овошје по желба (портокал, авокадо…)
Начин на подготовка:
- Како калап ви препорачуваме да користите хартиени корпички со големина на Рафаело топчиња, но можете да искористите и било што зависно од тоа како сакате да изгледаат колачињата.
- Измешајте ги сите состојки да добиете хомогена смеса. Ставете малку на дното од калапите. Ставете во замрзнувач на 10 минути. За тоа време изгмечете банана или друго овошје.
- Извадете ги калапите од замрзнувач и додајте овошје, па прелијте со подготвеното „чоколадо“. Вратете во замрзнувач на 10-тина минути.
Послужете и уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта