Направете вкусен кокос колач со два вида крем, кој е многу едноставен и лесен за подготовка, а многу вкусен.
Еве како да го пнаправите:
Состојки за кора:
- 6 јајца
- 2 лажици какао
- 4 лажици брашно
- 1/2 прашок за пециво
Состојки за 1 крем:
- 4 белки
- 10 лажици шеќер
- 250 гр кокос
Состојки за 2 крем:
- 200 мл млеко
- 1 пудинг од ванила
- 4 жолчки
- екстракт од ванила
- 4 лажици шеќер
- 200 гр маргарин
Состојка за декорација:
- 250 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
- Се мешаат белките со прашокот за пециво, па се додаваат жолчките, брашното и какаото. Се соединува смесата со жица за матење, се става во плех за печење и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20-25 минути.
- За првиот крем се мешаат на пареа белките со шеќерот, а откако ќе се згуснат се тргаат од оган и се става кокосот. Се меша и се остава да се излади.
- За вториот крем се мешаат жолчките со шеќерот, па малку екстракт од ванила, а пудингот се разматува со млеко и се додава во жолчките, па се става сè на пареа.
- Кога ќе се згусне, се трга од пареата, па се додава и маргаринот.
- Кората ја вадиме од рерна, па врз неа се нанесува најпрво кремот со кокос, па кремот со ванила.
- Се мати слатката павлака со миксер според упатството и се филува целиот колач.
- Нека се олади, па исечете и послужете.
Уживајте во овој вкусен десерт 🙂
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
20 минути без печење – сникерс бајадера
Колач со банани ореви и еурокрем