Француски компир со сланина: Вкусен и брз ручек со кој нема грешка

Француски компир со сланина: Вкусен и брз ручек со кој нема грешка

Францускиот компир е класично јадење кое го јадеме кога не знаеме што да зготвиме. Брзо се прави, а можете и да експериментирате со состојките.

Некои го прават само со компири и јајца, а други додаваат и малку зеленчук, сланина и колбаси.

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 1 главица кромид
  • 4 варени јајца
  • 1 сирово јајце
  • сланина Пекабеско
  • 1 чашка кисела павлака Пекабела
  • сол
  • бибер
  • босилек

Начин на подготовка:

  1. Во еден сад згответе ги компирите во лушпа, а јајцата во друг. Кога се готови, излупете ги и исечете ги на кругови.
  2. Сланината и кромидот исечкајте ги на помали парчиња. На дно на сад за печење ставете малку масло па редете ги состојките – кромид, компир, јајца, сланина и така сè додека не ги потрошите.
  3. На крај компирот прелијте го со мешавина од разматени јајца и павлака. Печете на 200 степени додека компирот не добие крцкава кора.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт