Чоколаден колач со бисквити – Со овој рецепт ќе сакате парче плус

Чоколаден колач со бисквити – Со овој рецепт ќе сакате парче плус

Вкусен колач со чоколадо по навистина неодолив рецепт.

Еве ги состојките и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 4 јајца
  • 100 гр чоколадо
  • 1 шолја шеќер
  • 200 мл слатка павлака
  • 25 парчиња бисквити
  • 1 прашок за пециво
  • 1/2 шолја масло

Состојки за глазура:

  • 4 лажички масло
  • 4 лажички шеќер во прав
  • 4 лажички какао
  • 4 лажички вода

Начин на подготовка:

  1. Во чинија се мешаат сите состојки со дрвена лажица, освен оние за глазура. Бисквитите треба да ги сомелете или да купите мелени.
  2. Се реди хартија за печење на плехот, па се става смесата и се пече во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.
  3. За глазурата прво се топи маргаринот, па се додаваат сите останати состојки. Се прелива врз колачот, а по вкус можете да наросите и шарени мрвици. Исечете го на коцки и послужете.

Прочитај повеќе Gotvi.mk рецепти:

Не ви требаат вага и миксер – кокос колач

Мешате, растопувате и имате десерт: Кокос триаголници

Бомбици со кокос

Кремасти колачи со кокос

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути