Брз ручек по работниот ден – Не одзема време, а многу е вкусен

Брз ручек по работниот ден – Не одзема време, а многу е вкусен

Направете брз ручек за кратко време. Ако не го сметаме печењето, ви требаат само 15 минути.

Набавете тиквички и почнете со подготовка:

Состојки:

  • 1 тиквичка
  • 500 мл кисело млеко или јогурт
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици пченично брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 2 јајца
  • 2 лажици масло
  • сол

Подготовка:

  1. Излупете и исечете ја тиквичката на ситни делови, но не ја рендајте бидејќи така ќе пушти многу вода.
  2. Прекријте ја со крпа и оставете ја на страна во сад.
  3. Во друг сад изматете јајца со кисело млеко или јогурт и масло, па додајте ги двата вида на брашно и прашокот за пециво. Мешајте додека сè не се соедини, па додадете ги во садот и тиквичките. Ставете и сол по вкус.
  4. Ставете ја смесата во тепсија подмачкана со масло, па печете во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
  5. Ако сакате да зарумени одозгора и да биде крцкава, зголемете ја пред крај температурата на 250 степени.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Тиквички со посебен шмек

Сос со тиквички

Гибаница со тиквички

Деликатесни запечени тиквички

Поховани тиквички на пет начини

Полнети тиквички со кисело млеко