Слатки прелиени полжавчиња: Вкусни мирисни залаци кои ќе ги обожавате!

Слатки прелиени полжавчиња: Вкусни мирисни залаци кои ќе ги обожавате!

Вкусни слатки полжавчиња со ореви и мармалад, прелиени со млеко…

Состојки:

  • 300-400 гр брашно
  • 1 коцка квасец
  • 2 јајца
  • 1 жолчка
  • 200 мл јогурт
  • 100 мл млеко
  • сол
  • 1 лажица шеќер
  • уште шеќер за млекото
  • 700 мл млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • малку џем од кајсии
  • 100 гр мелени ореви
  • 1 лажица маргарин

Начин на подготовки:

  1. Квасецот растворете го во малку млако млеко со шеќер, додајте јајца малку разматете, додајте го остатокот од млекото и јогуртот, брашното, солта и замесете не многу тврдо тесто. Оставете да одмори половина час па развлечете, тенко намачкајте со маргарин, џем и посипете со мелени ореви.
  2. Свиткајте во ролат и сечете со нож на делови со дебелина од 2 см. Тепсија намастете со масло па редете ги ролатите. Оставете ги малку да одморат покриени, премачкајте со жолчка и печете во рерна на 200 степени околу 30 минути.
  3. Млекото згответе го со шеќер по желба и со ванилин шеќер па прелијте ги врелите ружи со врело млеко.
  4. Оставете да впијат и да се изладат. Послужете и уживајте!

 

Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text