Колач со гриз и вино – Мирисот од кујна „опива”

Колач со гриз и вино – Мирисот од кујна „опива”

Направете вкусен колач со гриз и вино. Нешто многу вкусно и со неодолива арома.

Еве ги потребните состојки и начинот на подготовка:

Состојки:

  • 250 гр гриз
  • 250 гр мелени ореви
  • 250 гр шеќер
  • 500 мл бело вино
  • 1 лажица брашно
  • 4 лажици масло
  • 1 лажичка сода бикарбона

Состојки за глазура:

  • 100 гр чоколадо
  • малку маргарин или путер

Начин на подготовка:

  1. Се мешаат оревите со гризот, шеќерот, виното и брашното, па се додаваат во садот маслото и содата. Убаво соединете.
  2. Смесата нека отстои 30 минути, па ставете ја во подмачкан плех. Печете ја во загреана рерна на 200 степени помеѓу 30 и 45 минути.
  3. Се прелива колачот со глазурата која е направена со топење на чоколадото и маргаринот/путерот.

Уживајте во вкусот на овој десерт 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Мешате, растопувате и имате десерт: Кокос триаголници

Бомбици со кокос

Кремасти колачи со кокос

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече