Ако сте и вие љубители на благо, особено на Сникерс – чоколадото кое се јаде со генерации, тогаш ова е рецепт за вас.
Домашен сникерс за 10 минути, а се прави вака:
Ingredients
- 300 гр шеќер
- 250 мл вода
- 250 гр маргарин
- 100 гр чоколадо
- 400 гр искршени бисквити
- 300 гр сечкани печени кикирики
- 2 лажици мед
Состојки за глазура:
- 150 гр чоколадо
- 4 лажици масло
- 20 гр маргарин
Начин на подготовка:
- Сварете ги шеќерот и водата, додајте ги маргаринот и чоколадото, па тргнете го тензерето од шпорет и ставете ги и бисквитите и кикириките. Убаво измешајте и соединете.
- Топлата маса ставете ја во тепсија, премачкајте ја одозгора со медот, па ставете ја глазурата најгоре.
- Глазурата подгответе ја така што ќе го растопите чоколадото со маслото и маргаринот.
Уживајте во овој вкусен десерт 🙂
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
20 минути без печење – сникерс бајадера
Колач со банани ореви и еурокрем