Ако оризот не испаднал како што треба, тогаш е време да примениме неколку трикови за неговата подготовка.
Пред варењето потребно е оризот добро да се измие, да се помине низ 3-4 води, па да го оставите да отстои околу 15 минути во ладна вода.
За да не се згусне сè што треба да направите е во водата во која го варите да додадете малку лимонов сок.
Исто така, при варењето, на една шолја ориз одат 2-3 шолји вода.
Може да се додаде кари во оризот за да добие боја и да биде зачинет.
Оризот помалку ќе се лепи ако по варењето се измие во ладна вода.
Повеќе рецепти на Gotvi.mk: