Пиперките најчесто ги полниме со мелено месо, но постојат и други идеи за супер вкусен ручек.
Ако ја направивте ручек идејата за полнети пиперки со компир или со сирење и јајца, сега е на ред да подготвите пиперки со карфиол.
Состојки:
- 3-4 лажици масло
- 1 главица кромид
- 1 карфиол (околу 500 грама)
- 1 шолја ориз
- 1 чешне лук
- малку магдонос
- зачини
- 12-14 пиперки
Начин на подготовка:
- Ситно се сечкаат кромидот и лукот и се пржат во тавче со врело масло, па се додава и оризот со шолја вода.
- Карфиолот се ренда или се сече што е можно поситно, па и тој се додава во тавата.
- Се пржи смесата и постепено се додава вода додека карфиолот и оризот да омекнат.
- Се ставаат зачини по вкус: вегета, сол, бибер, црвен пипер…како и сечкани листови магдонос.
- Се полнат пиперките. Се редат во тава претходно подмачкана со масло, а одозгора се става фолија.
- Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути.
- 5-10 минути пред крајот на печењето, тргнете ја фолијата. Вратете ги да се допечат.
На здравје!
Прочитај повеќе на Gotvi.mk:
Полнети пиперки со пилешки гради