Десерт пита со боровинки – Нешто различно и многу вкусно

Десерт пита со боровинки – Нешто различно и многу вкусно

Ако сакате да направите промена во кујната од чоколадните десерти, торти или бомбици, време е за нешто посебно вкусно.

Направете десерт со крушки и боровинки. Еве го рецептот:

Состојки:

  • 2 јајца
  • 125 гр маргарин
  • 5 лажици шеќер во прав
  • 1 шолја брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лимон
  • 1 кесичка ванила
  • 125 гр боровинки
  • 1 крушка
  • 3 лажици шеќер
  • шеќер во прав за посипување одозгора

Начин на подготовка:

  1. Маргаринот треба да биде мек, отстоен на собна температура. Се мати со миксер заедно со шеќерот и шеќерот во прав, па се додаваат и јајцата едно по друго.
  2. Брашното се просејува, се става и прашок за пециво и се додава во смесата. Се ренда кора од пола лимон и се додава заедно со ванилата. Убаво соединете сè.
  3. Рерната се загрева на 180 степени, а смесата се става во калап за торта, претходно премачкан со маргарин и брашно.
  4. Боровинките се мијат и сушат, па се ставаат во смесата и благо се притискаат.
  5. Се распоредуваат најодозгора по целата површина на питата и тенки парчиња крушка.
  6. Печете околу 30 минути додека чепкалката не биде сува кога ќе прободете.
  7. По вкус, се наросува одозгора со шеќер во прав.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Мешате, растопувате и имате десерт: Кокос триаголници

Бомбици со кокос

Кремасти колачи со кокос

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

singlepost_text