Пакетчиња со сирење – Денот нека започне деликатесно

Пакетчиња со сирење – Денот нека започне деликатесно

Деликатесен старт на денот, направете пакетчиња со сирење.

Вкусен појадок, кој ќе го направите на следниот начин:

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 20 гр свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 150 гр растопен путер
  • 1 дл јогурт

Состојки за фил:

  • 150 гр сирење
  • 3 лажици рендан кашкавал

Состојка за премачкување:

  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  1. Се растопува квасецот во шолја со млака вода и шеќер, па се замесува тесто со брашното, путерот и јогуртот. Се остава да нарасне околу 45 минути.
  2. Нараснатото тесто се премесува, се расукува со сукало, па се сечат квадрати.
  3. На средината се става изматен фил од сирење и кашкавал, па се затвара кокцата така што ќе ги доближите краевите, да изгледаат како пакетче.
  4. Притиснете да се затвори убаво.
  5. Наредете ги во подмачкан плех, премачкајте ги одозгора со разматено јајце, а по желба ставете и ким или сусам…
  6. Се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.
  7. Одлични се во комбинација со јогурт или павлака.

Добар апетит!

Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:

Топли пирошки со сирење

Мини проја со фета

Појадок од стар леб

Леб кој не дебелее

Појадок во шолја

Појадок со кој ќе топите килограми

Кралски појадок со кој ќе слабеете

Појадок или вечера за медал

singlepost_text