Овој колач со јаболка, урми и преубав мек бисквит е многу едноставен за подготовка.
Состојки:
- 4 јајца
- 4 лажици брашно
- 1 прашок за печиво
- 4 лажици гриз
- 200 гр шеќер
- 100 гр сечкани ореви
- 50 гр суво грозје
- 50 гр урми
- 50 мл масло
- 200 мл јогурт
- 2 поголеми јаболка
- малку цимет
- 100 гр чоколадо
Начин на подготовка:
- Разматете јајца со шеќер. Додајте брашно, гриз со прашок за печиво, масло и јогурт и сè изедначете. Со хартија за печење обложете округол плех. Дното малку посипете го со шеќер и наредете јаболка сечени на коцки, па посипете ги со цимет.
- Од горе ставете суво грозје, сечкани ореви и урми и ставете разматени јајца и распоредете. Печете на 190 степени околу 45 минути. На половина од печењето покријте со фолија.
- Печениот колач прелијте го со растопено чоколадо. Колачот е многу сочен и вкусен. Послужете и уживајте!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“:
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта