Колач со банани, ореви и еурокрем – Лесно се прави, а веднаш ќе го снема од маса

Колач со банани, ореви и еурокрем – Лесно се прави, а веднаш ќе го снема од маса

Направете колач со банани и еурокрем, кој е лесен за подготовка и вкусен, па очекувајте веднаш да го снема од масата.

Ова е рецептот за чоколадното задоволство:

Состојки:

  • 200 гр растопен маргарин
  • 1 шолја шеќер
  • 1 јајце
  • 1 прашок за пециво
  • малку сода
  • 3 банани
  • еурокрем
  • 2 шолји ореви
  • 2 шолји брашно

Начин на подготовка:

  1. Маргаринот и шеќерот се матат со миксер, потоа додека уште матиме се додава и јајцето.
  2. Во посебен сад го мешаме брашното со прашокот за пециво и прстофат сода, па ги додаваме и нив во смесата.
  3. Ги пасираме бананите, па и нив ги додаваме откако ќе завршиме со матењето.
  4. Во плех ставаме дел од смесата и премачкуваме одозгора со еурокрем (околу 2 лажици). Ако сакате поблаги десерти, слободно нанесете повеќе. Ставете ги и оревите по вкус.
  5. Ставаме повторно смеса, па еурокрем, и така повторуваме додека не се потроши смесата.
  6. Печеме околу 20 минути во загреана рерна на 200 степени.
  7. Декорирајте со кругови банана.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Не ви требаат вага и миксер – кокос колач

Мешате, растопувате и имате десерт: Кокос триаголници

Бомбици со кокос

Кремасти колачи со кокос

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути