Колач полн чоколадо – Рецепт кој секогаш успева

Колач полн чоколадо – Рецепт кој секогаш успева

Направете вкусен колач со многу чоколадо, кој секогаш успева.

Oва е рецептот за овој вкусен десерт:

Состојки:

  • 500 гр темно чоколадо
  • 230 гр маргарин
  • 1 лажица ванилин шеќер
  • 5 јајца
  • 400 – 680 гр шеќер (по желба)
  • 210 гр брашно
  • 1 лажичка сол
  • ореви по желба

Начин на подготовка:

  1. Се топи чоколадото на оган со маргарин.
  2. Се трга од оган, се остава малку да се подолади, па се додаваат и изматените јајца со шеќерот и ванилиниот шеќер.
  3. Додајте ги брашното и солта, и по желба малку сечкани ореви.
  4. Измешајте сè убаво, па ставете ја смесата во плех за печење подмачкан со масло и оставете да се пече околу 35 минути во загреана рерна на 180 степени.
  5. Пред сервирање можете да ставите шеќер во прав одозгора и да го исечете колачот на коцки.

Уживајте во овој вкусен десерт 🙂

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

singlepost_text