Утрото може да започне со овој деликатес кој шири арома поради која сите ќе седнат на маса.
Малку подзаборавен, но вкусен рецепт. Еве како да го направите овој појадок:
Состојки:
- 1 леб на парчиња (колку што ќе ви собере на плех)
- 1 јајце
- 150 гр Пекабеско шунка рендана
- 100 гр сирење
- 1 шолја јогурт
- 1 лажичка вегета
- сол
- оригано
- магдонос
- малку млеко за лебот
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени.
- Измешајте ги сите состојки освен лебот и млекото.
- Подмачкајте плех за печење со масло, ставете ги парчињата леб во млекото да омекнат, но само од едната страна, и и со таа страна редете ги во плехот.
- Од филот ставете на парчињата леб и печете околу 10 минути додека не се испече јајцето. Одозгора може да наредите и парчиња Пекабеско кулен како на фотографијата.
- Одлични се во комбинација со јогурт.
Добар апетит!
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Појадок со кој ќе топите килограми