Свински врат со зеленчук

Свински врат со зеленчук

За следниот ручек ви предлагаме да подготвите свински врат со зеленчук.

Состојки:

  • 4 парчиња свински врат, без коска
  • 3-4 свежи пиперки, исечкани
  • 2 главици кромид, исечкан
  • 3 чешниња лук
  • морска сол
  • свежо мелен црн бибер
  • свинска маст или маслиново масло
  • магдонос лист

Начин на подготовка:

  1. На малку загреана маст пржете го посоленото месо, со повремено превртување, да омекне и да добие златно смеѓа боја.
  2. Во друга тава, на загреана свинска маст пропржете цели чешниња лук. Кога ќе почнат да руменат тргнете ги од тава, а на истата маснотија додајте кромид и пиперки и пржете да омекнат. Посолете и побиберете.
  3. Месото со зеленчук послужете го со зелка салата.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Рости од компир

Шеф салата

Дресинг за Шеф салата

Таљатели со зеленчук

Пржена банана

Pad Thai со пилешко

Еве што научивме на часовите по готвење со Фичо