Вкусен ручек со пилешко месо. Брзо и лесно се прави.
Еве кои состојки ви се потребни, како и начинот на подготовка:
Состојки:
- 750 гр бело месо
- 2 јајца
- 1 пакетче солени переци
- 1 шолја брашно
- сол и бибер
Начин на подготовка:
- Се вклучува рерната да се загрева на 200 степени додека се спрема месото.
- Пилешкото се сече на коцки (големина по избор), се става во чинија, му се додава сол и бибер и се меша. Додајте и зачини по вкус.
- Се матат јајцата во сад, во друг сад се става брашното, а во трет сад се ставаат истолчените переци.
- Ставете хартија за печење на плех, како и малку масло.
- Секоја коцка месо се става во садот јајцата, потоа во садот со истолчените переци, па во садот со брашното и се реди во плехот. Испрскајте малку масло од горе, па печете од двете страни по 10 минути.
На здравје!
Прочитај повеќе рецепти на Gotvi.mk: