Едноставните рецепти се тешки за наоѓање, но овој е едноставен, а истовремено и многу вкусен.
Идеална комбинација за љубителите на комбинацијата од чоколадо и кокос. Ова е рецептот:
Состојки:
- 1 шолја јогурт
- 1 шолја млеко
- 1 шолја масло
- 1 шолја кокос
- 1 ванилин шеќер
- 2 шолји шеќер
- 2 шолји брашно
- 1 лажичка прашок за пециво
Состојки за глазура:
- 100 гр чоколадо
- 3 лажици масло
- кокос за декорација
Начин на подготовка:
- Состојките се мешаат по ред, како што се наведени во рецептот. Ставете го шеќерот во млекото или јогуртот неколку минути да почне да се топи, па измешајте ги и останатите состојки.
- Готовата смеса ставете ја во помал плех за печење, на кој за да не се залепи, има ставено малку маргарин и брашно.
- Печете околу 30 минути во загреана рерна на 180 степени. Најдобро е да проверите со чепкалка кога е печено – кога чепкалката ќе ја извадите сува, може да го извадите колачот.
- За глазурата, потребно е на пареа да го стопите чоколадото со маслото и да ја ставите глазурата врз колачот.
- Причекајте малку да отдтои додека да се стврдне, па сервирајте. Најодозгора, колачот декорирајте го со кокос.
Уживајте во овој вкусен десерт 🙂
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Мешате, растопувате и имате десерт: Кокос триаголници
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди