Ловечки кнедли од месо и стар леб (Видео)

Ловечки кнедли од месо и стар леб (Видео)

Идеална комбинација од стар леб и месо за гурмански оброк.

Состојки:

  • 500 гр стар леб
  • масло
  • 150 гр чадена шунка или сланина
  • 1 главица црвен кромид
  • 250 мл млеко
  • 2 јајца
  • 100 гр брашно
  • магдонос
  • сол

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте леб и чадена шунка на коцки. Пропржете ги заедно во сад. 
  2. Кромидот исчистете го, исечкајте го на мали парчиња и пропржете го на масло. 
  3. Во голем сад замесете тесто од брашно, млеко, јајца, потоа посолете и додајте препечен леб, шунка и кромид. Добро замесете со раце. 
  4. Исечкајте магдонос и додајте во смесата. Оставете ја смесата да одмара половина час. 
  5. Потоа со влажни раце правете кнедли со големина на јаболко. 
  6. Посолена вода ставете во сад и оставете да зоврие. Кнедлите гответе ги во врела вода 10-тина минути. 
  7. Извадете, исцедете и послужете со сос по желба.

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text